Пред утрешното финале од Копа Италија против Милан, голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон предупреди дека неговиот тим „никогаш не е фаворит против Милан“ и дека историјата ги учи дека мора да се почитува противникот.
„Многу рано научив дека Јувентус никогаш не се фаворити против Милан, од 2003 година и финалето од Лигата на шампионите во Манчестер. Толку години подоцна, со сите мои соиграчи и луѓе во клубот, имавме четири финалиња против Милан, од кои две ги загубивме на пенали, едно го добивме во продолжение, и едно на пенали. Ова значи дека мечот против Милан ретко кога завршува по 90 минути. Покрај техничките квалитети на тимот, во вакви мечеви сѐ е израмнето“, вели Милан.
Во последните години, Буфон ретко кога игра во Копа Италија, но утре ќе биде на голот.
„Ако не грешам, последното финале од Копа Италија го играв во 1999 година, речиси пред 20 години. Возбудливо е повторно да имам шанса. Улогата на втор голман се смени многу во последните шест-седум години, посебно во големите клубови“, додава Буфон.
Фото: ЕПА