Австралиецот, Ендрју Хој, стана највозрасниот освојувач на олимписки медал, во историјата на својата земја. 62-годишникот, освои два медали, во дисциплината тридневно јавање. Овој натпревар претставува најтешка задача за јавачот и коњот.
Овој натпревар се состои од дресура, далечинско јавање и прескокнување пречки.
Хој, со својот коњ Васли де Ласос, најпрвин освои сребро во екипна конкуренција, а потоа и бонза во поединечна конкуренција.
„Ова е посебен момент, ова не се случува често“, рекол Хој.
Претходниот рекорд беше во сопственост на Били Ројкрофт. Во истата дисциплина тој како 61-годишник успеал да освои бронзаен медал.