Лука Дончиќ, најдобриот играч во досегашниот тек на олимпискиот турнир, не го крие воодушевувањето, по пласманот на Словенија во полу-финалето на Олимписките игри.
Словенија во четврт-финалето, ја декласира Германија со 94:70. Дончиќ натпреварот го заврши со 20 поени, осум скока и 11 асистенции.
„Меѓу најдобрите четири во светот, држава која има два милиони жители. какво чувство!“, напишал Дончиќ на „Твитер“.
Словенците досега во Токио победија на сите четири натпревари. За место во финалето ќе играат пртив победникот од дуелот помеѓу Франција и Италија.
Top 4 in the world, a country of 2M people! What a feeling! ??????❤️❤️❤️ #mislovenci pic.twitter.com/bK0woXuDRT
— Luka Doncic (@luka7doncic) August 3, 2021