Франција ќе и биде противник на Словенија во полу-финалето, на кошаркарскиот турнир во Токио. Во третото четврт-финале, Французите ја победија Италија со 84:75.
Французите отпорот на Италија успеаја да го скршат во последните пет минути од натпреварот. Франција не успеа да ја сочува предноста од 14 поени (62:48), која ја стекна на 3.20 секунди до крајот на третата четвртина. Италија се врати целосно во мечот израмни на 66:66 кога започна „војната“ на теренот.
Се играше кош за кош се до моментот кога Ертел постигна тројка, а по промашувањето на Ричи, Гобер реалзираше две слободни фрлања.
Гобер со 22 поени и девет скока, Фурније со 21 поен и ветеранот Батум со 15 поени и 14 скокови беа најдобри кај Французите. Во италијанската репрезентација се истакнаа Фонтекио со 23 поени, Галинари со 21 поен и 10 скока, односно Полонара со 15 поени.