Top Sport

Дани Алвеш би можел да го пропушти Мундијалот

Еден од клучните играчи на фудбалската репрезентација на Бразил, десниот бек, Дани Алвеш поради повреда би можл да го пропушти Светското првенство во Русија.

Искусниот фудбалер се повредил на синоќешниот финален натпревар во Купто на Франција, а најлошите прогнози се дека станува збор за оштетување на лигаментите во коленото.

Доколку овие прогнози се точни тогаш на десниот бек му престои подолг период на рехабилитација, поради што тој нема да биде подготвен за наста на Мундијалот.

Дани Алвеш оваа сезона одиграл 41 натпревар за ПСЖ во сите натпреварувања. За репрезентацијата на Бразил има одиграно 106 натпревари.

Scroll to Top