Top Sport

Талентот на Јунајтед, Пелистри пак ќе игра за Алавес

Уругвајското крило на Манчестер јунајтед и еден од најголемите таленти кај „ѓаволите“, Факундо Пелистри ќе се врати во Депортиво Алавес на позајмица во текот на сезоната 2021/22.

Алавес потврдија дека 19-годишниот Пелистри, кој импресионираше на подготовителните мечеви на Јунајтед, ќе пристигне за нова сезона во Ла лига.

„Депортиво Алавес и Манчестер јунајтед склучија договор за Факундо Пелистри да се врати на позајмица во клубот од Гастеиз. Му посакуваме многу среќа во новата сезона“, објавија од Алавес.

Scroll to Top