Top Sport

Во Серија А до 50 отсто гледачи на трибините, но само со „пасош“!

Италијанската влада даде зелено светло за враќањето на навивачите на стадионите, одлучувајќи дека може да се исполни до 50 отсто од капацитетот на трибините, со таканаречен „шаховски“ распоред.

Првичниот план беше гледачите да мораат да оддржуваат два метри растојание меѓу себе, што ќе беше тешко за остварување, и по советувањето со Италијанската фудбалска федерација, се решија за „шаховско“ решение. Ова значи дека растојанието ќе се мери дијагонално, со што повеќе луѓе ќе можат да бидат на стадионите.

Остатокот од протоколот останува ист, односно потребен е „зелен пасош“ за влез, верзија на ЕУ на КОВИД-пасошот со кој се потврдува вакцинација, негативен тест и неодамнешно преболување на корона вирусот.

Scroll to Top