Ракометарките на Франција се пласираа во финалето на Олимписките игри, со што го повторија успехот од Рио де Жанеиро. Французинките во полу-финалето ја победија Шведска со 29:27 (15:14).
Првото полу-финале, на женскиот турнир, донесе исклучително квалитетен ракомет. Гол за гол се играше до 47.минута, кога Франција направи серија 4:0, стекна предност од 24:21 и го навести конечниот епилог.
Швеѓанките не се предаваа, се доближија дури и на гол негатива, но тој налет Франција го одби со нова серија од три гола, со што го реши победникот.
Деуна Зади со седум, односно Паулета Фопа со пет гола ја предводеа Франција до големата победа. Кај Шведска се истакнаа Јохана Вестберг и Лаура Флипер со по шест гола, Јасмина Робертс постигна пет.
Франција во финалето го чека подобриот од дуелот помеѓу актуелниот олимписки првак Русија и Норвешка.