Top Sport

Инцидент на велодромот „Изу“ – Холанѓанка се здоби со сериозни повреди

Тежок инцидент се случи во петокот, на олимпискиот „Изу“ велодром. Со сериозни повреди се здоби Холанѓанката, Лорин ван Ријзен.

33-годишната Ван Ријзен, по судирот со Британката Кејти Марчант, во четврт-финалето, во дисциплината Кејрин, заврши во болница.

Ван Ријзен ја скршила клучната коска, скршила неколку ребра и повреда на белите дробови.

Таа ќе остана 24 часа по лекарски надзор, за да и бидат направени дополнителни испитувања.

Ван Ријзен не се сеќава на ништо што е поврзано со инцидентот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');