Кошаркарските репрезентативки на Јапонија, во доминантен стил, се пласираа во финалето на Олимписките игри во Токио. Јапонија, во второто полу-финале, ја победи Франција со 87:71. Јапонките за златниот медал ќе се борат против САД.
Франција ја доби првата четвртина со осум поен разлика и тука застана. Во останатите три четвртини Јапонките доминираа. Негативата од првиот период ја стопија во вториот и на полувреме име предност од седум поени, а потоа во вториот дел само ги нокаутираа противничките.
Химавари Акахо постигна 17 поени за Јапонија, додека кај Франција се истакна Садрин Груда со 18 поени.
Јапонија и САД ќе се сретнат во финалето, во недела од 4:30 часот по средно европско време. Франција, ќе игра за бронзата утре од 9 часот, против Србија