Словенката Јања Гарнбрет стана првата жена со олимписко злато во спортско качување на Олимпијадата, носејќи ново злато за својата земја.
22-годишната Гарнбрет го заврши натпреварувањето со 5 поени, пред јапонската двојка, Михо Нонака (45 поени) и Акијо Ногучи (64 поени). Спортското качување е ново на Олимпијадата, со цел да се привлечат млади гледачи.
И Србија може да се пофали со ново злато, откако Јована Петковиќ ја победи Кинеската Шјаојан Јин со судиска одлука во карате во категоријата до 61 килограм. Каратето, исто така дебитира на Олимпијадите, но нема да го има на следната Олимпијада во Париз во 2024 година.