Тотенхем го комплетираше трансферот на Кристијан Ромеро од Аталанта, плаќајќи 55 милиони евра за аргентинскиот дефанзивец, покажувајќи дека и покрај финансиската криза поради корона вирусот уште имаат сила за големи трансфери.
23-годишниот Ромеро беше еден од централните луѓе во тимот на Аталанта кој три сезони во низа завршува во топ 4 пласман, по што беше изгласан за најдобар дефанзивец во Серија за во 2020/21, пред имиња како Стефан де Фрај, Алесандро Бастони и Милан Шкринијар.
За споредба, Манчестер јунајтед платија 45 милиони милиони евра за Рафаел Варан, 28-годишен освојувач на титула од Светското првенство и Лигата на шампионите, меѓутоа тој беше во последната година од договорот со Реал. Од друга страна, Арсенал платија 50 милиони евра за Бен Вајт, фудбалер кој доаѓа од Чемпионшип.