Менаџерот на Вест Бромвич Албион, Дарен Мур беше именуван за најдобар тренер во Премиер лигата во април на истиот ден кога неговиот клуб испадна од лигата.
Мур, кој го замени Алан Пардју на почетокот на април, освои 11 поени од можни 15 со победи над Манчестер јунајтед, Тотенхем и Њукасл и реми со Ливерпул.
Неколку часа по прогласувањето на наградата во вторникот, Саутемптон со 1:0 победи на гостувањето кај Свонси, за да ги прати ВБА во втората лига. На Вест Бром им беше потребно реми за да се задржат надежите до последното коло.
ВБА помина осум години во Премиер лигата, а во 2012/13 го имаа најдобриот пласман, осмото место со Стив Кларк како менаџер. Вест Бром остварија две победи на стартот на сезоната, но потоа освоија само четири поени од можни 30 и Тони Пјулис беше отпуштен и заменет со Гери Мегсон. Тој беше на чело на клубот два натпревари, пред Пардју да беше донесен како трајно решение. Пардју во 17 натпревари имаше само една победа и беше сменет на 2 април.
? Your Barclays Manager of the Month…@DarrenMooro ?? ?#WBA pic.twitter.com/zn3s3MRIwH
— West Bromwich Albion (@WBA) May 8, 2018