Top Sport

Гвардиола го брани Грилиш: Го купивме за 6 години, а не за 25 минути

Новото најскапо англиско засилување во историјата, Џек Грилиш имаше шанса да види како е да си играч на Манчестер сити откако одигра неимпресивни 25 минути на „Вембли“, а неговиот тим загуби со 1:0 од Лестер сити во Комјунити шилд.

Тој беше исвиркан од навивачите на Лестер, бидејќи веќе не е симпатичен играч во релативно мал тим како Астон вила, туку голема ѕвезда во тим во кој секогаш има огромни очекувања. Пеп Гвардиола признава дека не очекувал премногу од фудбалерот со кој потпишаа во четвртокот.

„Не дојде кај нас да игра 25 минути, туку да игра 5 или 6 години. Како може да направи врска со своите соиграчи ако не е на теренот? Не е проблем, ги познава Кајл Вокер, Раз Стерлинг, Фил Фоден и Џон Стоунс, и тие се враќаат во тимот. Треба да му дадеме шанса да го покаже квалитетот“, вели Гвардиола.

Scroll to Top