Top Sport

Јилмаз во 97. минута донесе реми за шампионот Лил кај Мец

Актуелниот француски шампион Лил немаше најдобар старт на новата сезона, откако по поразот од ПСЖ во Суперкупот на Франција им беше потребен гол во 97. минута за 3:3 реми против Мец, кои поголемиот дел од првиот меч од новата сезона во Лига 1 го играа со 10 играчи.

Работите тргнаа добро за тимот на новиот тренер Жоселин Жувернек, откако Ботман во 23. минута донесе водство за гостите. Мец успеа да направи пресврт до крајот на полувремето преку  Фабијан Сентонз (31. минута) и Матју Удол (41. минута), пред Сентонз во 53. минута да зголеми на 3:1.

Надежите на Лил за камбек се зголемија кога Куанде доби директен црвен картон само три минути подоцна, и до крајот на мечот тие успеаја прво да намалат на 3:2 преку Жонатан Иконе во 81. минута, пред турскиот ветеран Бурак Јилмаз да ги постави конечните 3:3 во 97. минута.

Scroll to Top