Top Sport

ПСЖ стави на продажба 10 фудбалери?

Да се донесе Меси не евтино. Ова е заклучокот на последните информации кои доаѓаат од Франција и кои велат дека Пари Сен-Жермен поради пристигнувањето на мегаѕвездата ќе мораат да продадат дури 10 фудбалери.

Шпекулациите велат дека Меси ќе заработува околу 40 милиони евра по сезона во Париз, така што богатиот клуб ќе мора да продава играчи за да ги исполни правилата на УЕФА за финансиски ферплеј.

Иако не се потенцира кои се точно 10-те фудбалери, меѓу нив сигурно се Абду Диало, Тило Керер, Идриса Геје и Рафиња. Мауро Икарди и Андер Ерера би можеле да бидат продадени ако има добри понуди, но сигурно на продажба нема да биде поставен Килијан Мбапе, со кого се надеваат дека ќе потпишат нов договор.

ПСЖ ова лето ги донесе Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и Жоржињо Вајналдум, тројцата како слободни играчи и платија 70 милиони евра за Ашраф Хакими од Интер.

Scroll to Top