Сите допинг тестови кои им биле направени на спортистите од Русија, во текот на Олимписките игри во Токио, биле негативни.
Главниот доктор на рускиот тим, Андреј Жолински, во својот извештај навел, дека, спортистите биле тестирани секојдневно и дека редовно морале да поднесуваат детални извештаи за движењето.
Поради скандалот со системскиот допинг, руските спортисти добија дозвола да настапат во Токио. На Олимписките игри тие настапија под името Руски олимписки комитет, а не смееја да го користат државното знаме, химна и грб.
Со 71 освоен медал, руските спортисти беа петти најуспешни на ОИ.