Возачот на Априлија, Лоренцо Савадори, го оперирал глуждот на десната нога. Младиот Италијанец, во неделата, имаше несреќа во текот на трката за Големата награда на Штаерска.
Савадори излета надвор од патеката во третиот круг од трката, кога Дани Педроса не можеше да го контролира својот мотор во третата кривина. Савадори налета директно во Педроса.
Мотоциклот на Педроса се запали, поради што трката беше прекината.
Савадори на носилка беше изнесен од патеката. На крајот добро мина и тој и Педроса. Сепак во случајот на Савадори неопходна беше операција на глуждот на десната нога.
Априлија не објави колку време ќе му биде потребно за рехабилитација.