Top Sport

Во салонот на Порше Скопје пристигна првиот целосно електричен SUV на Volkswagen, новиот ID.4

ID.4 е првиот целосно електричен SUV на Volkswagen
На почеток ќе бидат достапни три изведби на електричен мотор, а најмоќната верзија ќе биде опремена со електричен мотор со 150 kW (204 КС), и досега од 520 km
Динамичен дизајн, пространа внатрешност и врвен концепт на управување

ID.4 импресионира со својата сеопфатност, ефикасниот електричен погон, пространата внатрешност, најсовремените системи за помош на возачот и динамичниот дизајн кој јасно го преставува ID.4 како електрично возило. Како прв глобален електричен автомобил на Volkswagen, ID.4 ја инкорпорира новата модуларна платформа за електричен погон MEB (Modular electric drive matrix), развиена специјално за електричната мобилност на целата Групација.

SUV возилата стануваат се повеќе популарни. Овој сегмент веќе е најпродаван во големите земји како САД и Кина, затоа што SUV возилата се препознатливи по одличната прегледност, безбедност и комфор. И во Европа, но и во Македонија, овој сегмент бележи значително зголемување, особено во делот на компактните возила. Со ID.4, Volkswagen ја проширува понудата на целосно електрични возила, а ова е првиот целосно електричен SUV модел на брендот. ID.4 нуди просторност, флексибилност и сите карактеристики кои клиентите ги очекуваат од еден класичен SUV.

Новиот ID.4 има многу таленти. И покрај спортските перформанси, нема компромис во поглед на комфорот. Батеријата има капацитет до 77 kWh, со што се овозможува максимален досег од 520 километри (според WLTP). Позицијата на батеријата е под совозачкото седиште со што е овозможен низок центар на гравитација. Електричниот мотор, кој е позициониран на задната оска, генерира максимални 150 kW (204 КС) – со што забрзувањето од 0 до 100 километри на час е з само 8.5 секунди, а максималната брзина е 160 km/h. Благодарение на погонот на задните тркала и растојанието од земјата за цели 21 сантиметар, ID.4 добро се справува и со off-road предизвиците. За вистинско off-road доживување, достапна за нарачка е и ID.4 GTX верзијата, со погон на 4 тркала, поголема моќност и уште поимпресивни перформанси.

Динамичен изглед. Надворешноста на ID.4 има атлетски пропорции за ултра-модерен изглед. Неговиот дистинктивен дизајн е инспириран од природата и гарантира многу добра аеродинамика со коефициент на аеродинамичност од 0,28. Основната верзија е опремена со предни светла во LED изведба, а во највисоко опремената верзија достапни се интерактивните IQ.Light LED matrix светлата, кои се дополнително подобрени. Особено специфични се LED светлосните групи на задниот дел, кои генерираат 3D интензивни светла, кои надополнети со 21 инчните тркала, го истакнуваат карактерот на возилото.

Просторност: долго меѓуоскино растојание, за повеќе простор за патниците
Со должина од 4.58 метри и MEB архитектура, ID.4 овозможува максимален простор во корист на патниците. Просторноста во внатрешниот дел е на ниво на повисоките класи на SUV. Боите и материјалите се пријатни и создаваат чувство како да сте дома. Во зависност од позицијата на задните седишта, багажниот простор има капацитет од 543 литри (1.575 литри со спуштени седишта).

Концептот на управување на ID.4 не е базиран на физички копчиња и прекинувачи. Целосното управување е насочено кон двата екрани, а поголемиот 12 инчен екран чувствителен на допир е опремен со говорни команди. Едноставно започнете со “Hello ID” и возилото ќе започне да ги слуша вашите гласовни команди. Со опционално достапната виртуелна реалност, ID.4 на head-up дисплејот може значително да му асистира на возачот, на пример со прикажување на насоката на движење директно на патот. Системите за помош на возачот дополнително се опремени со Travel Assist, кој во комбинација со IQ.Drive овозможува релаксирано возење. Благодарение на новата платформа, системите можат да се надградуваат на нови софтверски верзии со нови опции кои ќе се развиваат во иднина.

We Charge: полнење дома, но и полнење за време на долги патувања
Со ID. моделите, Volkswagen ја лансира програмата за полнење на електрични возила We Charge. Со ова решение, ID.4 може да се наполни дома или на долгите патувања на брз DC полнач за околу 30-ина минути. Засега оваа програма е достапна во пазарите на Европската Унија, но наскоро се очекува да се имплементира и во нашата држава. Паралелно се развива и еко-систем за одржлива електрична мобилност, што значи дека самото производство на ID.4 е CO2 неутрално.

Доказ за квалитетот на новиот ID.4 е престижната награда Светски Автомобил на годината, која ја доделуваат 90 меѓународни автомобилски новинари од 24 земји. Во ID.4 беше препознаена иновативноста, секојдневната употребливост и достапноста за поголем сегмент на клиенти.

ID.4 e олицетворение на стратегијата на Volkswagen, дека иднината на мобилноста е електрична.

Новиот целосно електричен SUV e достапен во салонот на Volkswagen во Порше Скопје. Повеќе информации може да се прочитаат на следниот линк www.volkswagen.com.mk/id4 .

Scroll to Top