Top Sport

Реал подготвени да го продадат Одегард на Арсенал за 40 милиони фунти

Порталот „Гол“ тврди дека Мартин Одегард ќе биде изоставен од составот на Карло Анчелоти, бидејќи Реал Мадрид се подготвени да го продадат на Арсенал за 40 милиони евра, откако „топчиите“ добија средства со продажбата на Џо Вилок во Арсенал.

Одегард пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Сторомгодсет како 16-годишник во 2015 година, но има само 11 настапи за „кралевите“ по многубројните позајмици. Последната позајмица му беше токму во Арсенал во јануари оваа година и тој ги импресионираше сите на „Емирати“.

22-годишниот Одегард има уште две годии од договорот со Реал Мадрид, но повторно е без гарантирано стартно место во тимот на Анчелоти. Арсенал се подготвени за договор, а имаат и средства по најавената продажба на Вилок во Њукасл за 25 милиони фунти.

Scroll to Top