Top Sport

Откако не успеа да избори опстанок, Карвахал си оди од Свонси

Менаџерот на Свонси Карлос Карвахал ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, објави британскиот сервис Би-би-си.

Свонси, по поразот од Саутемптон и нерешениот резултат на Хадерсфилд против Челси, практично испадна од Премиер лигата. На коло до крајот на сезоната, Саутемптон има три бода повеќе од Свонси и многу подобра гол разлика.

Свонси, во последната рунда, треба да го победи Стоук, а во истовреме Саутемптон да биде поразен од шампионот Манчестер сити со десет голови разлика, за да остане во лигата. Во вакво сценарио не верува никој на „Либерти“ стадионот.

Клубот ќе се пресели во Чемпионшип дивизијата поради лошиот финиш на сезоната. Имено, Свонси ги загуби последните четири дуели.

Карвахал има договор со клубот до крајот на сезоната и неговото заминување е потврдено од клубот, а на мечот со Саутемптон навивачите бараа од клубот да си оди и претседателот Хју Џенкинс.

Scroll to Top