Top Sport

Мекларен со речиси нов болид во Шпанија

Мекларен го презентираше своето прво подобрување на болидот за 2018 на тренинзите пред Шпанското ГП овој викенд, со посебно екстравагантен нос.

Тимот го опиша подобрениот болид како „вистинскиот“ тркач за 2018 година, но ќе почекаме да заврши викендот и да ги видиме резултатите на Фернандо Алонсо и Штофел Фандорне пред да се даде оценката.

Продолжувањето на носот на болидот наликува како решението на Ред бул од минатата сезона, но има и решение преземено од Заубер, со два канали на двете страни на носот, кои дозволуваат воздухот да проаѓа под него.


Scroll to Top