Top Sport

ПСЖ со неделна плата од 600.000 евра го мами Погба во Париз?

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо планира и наредната година да го продолжи трендот на носење на звучни фудбалски имиња на „Паркот на принцовите“. Тој има подготвен план за Пол Погба да дојде во Париз.

Британски „Индепендент“ пишува дека ПСЖ подготвиле неделна плата од 600.000 евра за наредното лето да го обезбедат потписот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, а со тоа да ја победат конкуренцијата, пред се Реал Мадрид.

На идентичен начин го „капарисаа“ Вајналдум за кој тренерот на Барса, Роналд Куман инсистираше да го доведе во Каталонија.

Останува на Јунајтед да се обиде да го надовори Погба да го продолжи договорот со „ѓаволите“ за наредното лето да не го загубат без отштета.

Scroll to Top