Синиша Михајловиќ се извини на навивачите на Болоња по неверојатниот 4:5 домашен пораз од Тернана во првото коло на Копа Италија.
Тернана, клуб кој влезе во Серија Б оваа сезона, водеше со неверојатни 5:1 на „Ренато Дал’Ара“ по 54 минути игра, иако утнаа еден пенал. Камбекот на Болоња не беше доволен за поминување на слабиот противник.
„Ова беше срамотно за сите и мораме да се извиниме на фановите и на клубот. Со целосна почит кон Тернана, ваков пораз не е дозволен. Се надевам дека ова ќе биде повик за будење, бидејќи сезоната почнува следната недела“, изјави Михајловиќ.