Талентираниот израелски кошаркар Јам Мадар би можело наскоро да стане нов играч на белградски Партизан. По сјајната сезона во Хапоел, 20-годишниот Мадар е избран како 47. пик на овогодинешниот НБА драфт од страна на Бостон Селтикс.
Сепак, Мадар решил кариерата да ја продолжи во Европа, а во „црно-белиот“ дрес би имал далеку посеризна улога за разлика од Селтикс.
Израелските медиуми пишуваат дека Мадар ќе потпише двегодишен договор со тимот предводен од трофејниот Жељко Обрадовиќ.
Младиот плејмејкер беше дел од репрезентацијата на Израел (У-20) која во 2019 година беше шампион на Европа.