Градските власти во Сао Паоло (Бразил) објавија дека трката од СП во Формула 1 на патеката „Интерлагос“ од 5. до 7. ноември ќе се одржи без никакво ограничување за публиката.
60.000 влезници се пуштени во продажба, што значи дека ова ќе е првото неограничено спортско случување во бразилската метропола откако Ковид 19 е присутен во земјата.
Минатата сезона трката за ГН на Бразил беше откажана поради пандемијата.
„Сите пристапни точки до патеката ќе се под контрола, а сега имаме и вакцинација. Темпото на вакцинација е брзо и до тогаш голем дел од јавноста ќе има примено две вакцини. Влезот на трибините ќе биде можен со негативен Ковид тест не постар од 48 часа, а носењето маски ќе биде обврзно“ вели шефицата на здравството во Сао Паоло.
Бразил е една од земјите најпогодени со пандемијата на коронавирусот.
Се планира враќање на пубиката и на фудбалските натпревари.