Поранешниот селекторт на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски, во продолжението на сезоната ќе го предводи јапонскиот второлигаш Кјото Санг.
Ѓуровски, оваа сезона ја започна како прв помошник во тимот на Кјото, меѓутоа откако Таканори Нунобе доби отказ, челниците на клубот го назначиле Македонецот за прв тренер.
56-годишниот тренер претходно како птв тренер во Јапонија го предводеше тимот на Нагоја во 2016 година.
Ѓуровски со Кјото го очекува голема борба до крајот на сезоната бидејќи по 13 кола овој тим се наоѓа на последното место со само двет бода.