Двајца тренери од погонот на Арсенал до 23 години, Стив Гетинг и Карл Лараман, добиле супензија од клубот, бидејќи злоставувале неколкумина фудбалери, објави Би-би-си.
Гетинг е главниот тренер на екипата до 23 години, а некогаш играл за Арсенал, од 1977 до 1981 година. Лараман е негов асистент.
„Суспендиравме двајца тренер и покренавме истрага откако неколку играчи се жалеа на нивното однесување. Ова се приватни работи, ова е клупски проблем и нема да изнесуваме детали“, порачале од Арсенал.
Ниту еден од суспендираните тренер не бил достапен за коментар во врска со обвинувањата, а тие не го предводеа тимот, во вторникот, на натпреварот против Порто.
Инаку, во У-23 тимот на Арсенал, брани македонскиот репрезентативец Дени Илиев.