Top Sport

Лаутаро блиску до нов договор со Интер

Италијанските медиуми тврдат дека првиот состанок за продолжувањето на договорот со Лаутаро Мартинез со Интер поминал позитивни и блиску се до нов петгодишен договор вреден 6 милиони евра по сезона.

Агентот на Лаутаро, Алехандро Камано постојано тврдеше дека Лаутаро не планира да ги прифати понудите од Англија за трансфер и дека сака да остане во Интер, и по денешниот состанок, италијанскиот експерт за трансфери, Џанлука ди Марцио тврди дека двете страни се блиску до договор.

Сегашниот договор на Лаутаро завршува во јуни 2023 година и тој заработува само 2.5 милиони евра по сезона, иста плата која ја доби по пристигнувњето од Расинг Клуб во 2018 година.

Scroll to Top