Манчестер јунајтед се договорија со бразилскиот Фламенго за позајмица на 25-годишниот Андреас Переира, тврди порталот „Гол“, кој додава дека тој нема да биде единствениот кој ќе го напушти „Олд Трафорд“ пред крајот на преодниот рок.
Переира сака да има шанса да биде стандарден првотимец во обид да обезбеди место во бразилската репрезентација пред Светското првенство следната година, а во поширокиот состав на „ѓаволите“ нема место за него. Тој помина една сезона во Лацио, но римскиот клуб не ги плати 21 милион фунти за постојан трансфер. Фламенго ќе плати 1 милион евра и 60 отсто од неговата плата.
Покрај Переира, Брендон Вилијамс најверојатно ќе биде пратен на позајмица во Норич, додека Вест хем уште се заинтересирани да го добијат Џеси Лингард, а најверојатно ќе биде позајмен и младиот Амад Диало.