Top Sport

Донарума: Секогаш сум носел професионални одлуки!

Италијанскиот фудбалски голман, Џанлуиџи Донарума вели дека неговиот менаџер Мино Раиола не влијаел на изборот на неговиот нов клуб.

„Постојат одлуки за кои е потребно повеќе време да се донесат. Секогаш сум носел професионални одлуки! Семејството секогаш ме поддржувало, како и Мино. Тој ги почитува желбите на своите клиенти 100% и прави се за да ги задоволи нивните барања“ изјави Донарума за „Кориере дело Спорт“.

Чуварот на мрежата има 22 години и ова лето го напушти тимот на Милан и се пресели во редовите на ПСЖ.

„Го напуштив Милан и немав контакт со други клубови, се колнам. Но, бев сигурен дека нешто ќе се појави со добрите игри и резултати на ЕП“ вели тој.

Scroll to Top