Не е тајна дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се најдобри пријатели. Иако двајцата секогаш ја искажуваат почитта еден кон друг, ривалството го прави своето, како што покажува последното признание на сестрата на Португалецот, Катја.
Во големо интервју за францускиот весник „Л’Екип“, Катја Роналдо открива дека зборот „Меси“ не е дозволен во домот на нејзиниот брат.
„Не зборуваме за Меси во домот. Кристијано знае дека надвор од дома, има цел свет кој зборува само за фудбалот и за нив двајца, но дома е заштитен од тоа. Тука ги полни батериите“, вели Катја Авеиро.