Top Sport

Салах најдобар во Премиер лигата

Мохамед Салах во неделата наутро и официјално ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лигата, по што призна дека слабите настапи во Челси во минатото го инспирирале оваа сезона: „Тие ми кажуваа дека немам успех тука“.

Салах, кој веќе беше прогласен за најдобар играч според новинарите, според асоцијацијата на играчи ПФА, ја доби и официјалната награда пред Кевин де Бројне, Давид де Хеа, Хери Кејн, Рахим Стерлинг и Џејмс Тарковски, откако во својата прва сезона со Ливерпул постигна 30 гола во ПЛ.

„Пресреќен сум што добивам ваква награда и нормално многу сум горд. Првиот пат од 2014 до 2016 ми велеа дека не можам да успеам тука, така што секогаш сакав да се вратам и да покажам што умеам во Премиер лигата

Во двете сезони со Челси, Салах имаше само шест настапи во ПЛ и постигна два гола, но во првите 35 меча за Ливерпул во ПЛ имаше 31 гол. Тој четири пати беше прогласуван за најдобар во Премиер лигата за месеците ноември, декември, февруари и март.

Scroll to Top