Зенит Санкт Петербург му го прекина договорот на тренерот Роберто Манчини со взаемна согласност зголемувајќи ги шпекулациите дека тој е пред промоција на селекторското место на Италија.
Манчини, еден од најпознатите странски тренери во руската Премиер лига, потпиша тригодишен договор со Зенит во 2017 година. Комесарот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Роберто Фабричини претходно откри дека Манчини преговарал за испразнетото селекторско место, но дека уште нема договор за тој да го наследи Џампјеро Вентура по неуспехот на Италија да се квалификува на СП во Русија.
Зенит, со главниот спонзор „Газпром“ зад нив, во минатото работеа со Дик Адвокат, Лучано Спалети и Андре Вилјаш-Боаш. Манчини во својата кариера беше тренер на Интер, Галатасарај и Манчестер сити, со кои ја освои првата англиска титула по 44 години во 2012 година.
Zenit and Roberto Mancini have reached an agreement to mutually part ways. Today’s game will be his last match at Zenit
More details: https://t.co/bf7ILb2BOG pic.twitter.com/nuqRRBmgTN
— FC Zenit in English (@fczenit_en) May 13, 2018