Top Sport

Нов кикс на Монако, загубија поради грешката на голманот

Француски Монако повторно киксна во домашната Лига 1. Тимот предводен од Нико Ковач, тимот кој минатата сезона до самиот финиш беше во игра дури и за шампионската титула, сезонава по 3 кола во Франција има само 1 бод и 1 постигнат гол.

Ленс дојде во Кнежеството и со два гола ги собра трите бода.

Првиот погодок беше дело на Игнатиус Ганаго во 51 минута благодарејќи на големата грешка на голманот на домашните, Германецот Александер Нибел.

Конечните 2-0 за гостите ги постави Симон Бокоте Банза во петтата минута од судиското надополнување на крајот од мечот.

Да биде катастрофата поголема, Монако играше со играч повеќе уште од 61 минута. Сепак тоа не вроди со плод, а во 86 минута силите на теренот беа израмнети.

Scroll to Top