Екипата на Баер Леверкузен со високи 4-0 ја прегази Борусија Менхенгладбах во рамки на второто коло во Бундеслигата.
„Фармацевтиет“ по само 3 минути го отврија резултатот. На нивното водство „кумуваше“ швајцарскиот голман Јан Сомер кој си постигна автогол.
Уште гостите од Менхенгладбах не се соземаа од раното водство на противникот, веќе во 8-та минута беше 2-0 за Баер. Стрелец чешкиот голгетер, Патрик Шик.
Можеби конечниот исход ќе беше поинаков доколку Стиндл во 43 минута го погдеше пеналот за гостите.
Вака Диаби во 55. минута постигна и трет гол за домаќините, а Амири во 87 минута го постави конечниот резултат.
Баер Леверкузен сега се втори на табелата со 4 бода, зад првопласираниот Волфсбург кој има шест.
Тимот од Менхенгладбах по две кола има само еден бод.