Уредот за безбедност на возачите познат под името „Хејло“ (ореол) беше критикуван кога беше воведен во Формула 1 оваа сезона, но во неделата според многумина уредот првпат спаси живот на еден возач во Ф2 трка.
На патеката „Каталуња“, Јапонецот Тадасуке Макино се „спаси“ од посериозна повреда при судир со сонародникот Ниреи Фузукуми, откако двајцата возачи на Хонда се судрија во спринт-трката и болидот на Фузукуми се „качи“ на болидот на Макино по извртувањето. „Ореолот“ успеа да го издржи притисокот на другиот болид и двајцата возачи излегоа неповредени од инцидентот.
Ф1 возачите и фановите беа едногласни дека „Хејло“ го нагрдува модерниот дизајн на болидите, меѓутоа очигледно безбедноста на е повисоко ниво. ФИА реши да го воведе „Хејло“ по смртта на тркачите Хенри Сартис и Џастин Вилсон, кои го загубија животот откако беа удрени од објекти во текот на своите трки.
Nog een aantal foto’s van na het incident tussen Fukuzumi en Makino tijdens F2 race 2 . Ben benieuwd naar de replay, maar ik denk dat dit zonder Halo niet heel fijn was gelopen.#F2 #Halo #SpanishGP pic.twitter.com/Q9vzIBxfb7
— Charrel Jalving (@Charreljalving) May 13, 2018