Нил Ленон секогаш сакал да прославува против Глазгов Ренџерс. Поранешниот напаѓач и тренер на Селтик, сега е тренер на Хибернијан и имаше совршен начин да го прослави 5:5 ремито на „Истер роуд“ во неверојатен меч.
Хибс водеа со 3:0, пред Ренџерс да направат целосен пресврт за 5:3 водство, меѓутоа тимот на Ленон постигна два гола во финишот на мечот за неверојатно 5:5 реми.
Neil Lennon taunting the huns as they score the 5th to level it ??? pic.twitter.com/8TFYeo2NlY
— Aaron Ando (@aaronanderson09) May 13, 2018
Откако Џејми Мекларен го комплетираше хет-трикот по истекот на 90-те минути, Ленон излета на теренот и симулирајќи авион трчаше пред фановите на Ренџерс, по што доби црвен картон. Хибс сезоната ја завршија на четвртото место – Селтик се шампиони, Абердин ги помина Ренџерс на второто место.
„Навивачите на Ренџерс ме провоцираа и морав да им вратам. Добив црвен картон, но навистина вредеше“, вели Ленон.