Германската ракометна репрезентација до 19 години е нов европски шампион, откако во финалето во Вараждин ги „понижија“ домаќините Германија со 34:20.
Германците беа подобри од стартот на мечот и направија разлика од 5 гола на полувреме, пред дефинитивно да го решат мечот на почетокот на второто полувреме.
Ренарс Ускинс им даде шест гола на Хрватите во првото полувреме, по што во второто, германскиот селектор реши да внесе целосно нов тим. Тим Фрајхофер исто така имаше шест гола, а Нико Шетл заврши со пет, додека кај Хрватите , Давид Јуришиќ имаше 4 гола.
Претходно, во мечот за бронза, Шпанија со 37:28 ја победи Словенија.