Top Sport

Донарума: Секоја чест за Навас, но дојдов во ПСЖ да бидам број 1

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума вели дека има огромна почит кон Кејлор Навас, но инсистира дека пристигнал во Пари Сен-Жермен за да биде голман број 1.

Донарума пристигна на „Паркот на принцовите“ од Милан со слободен трансфер како големо засилување за ПСЖ, но првиот меч од сезоната против Брест минатиот викенд го помина на клупата.

„Сакам да станам еден од најдобрите голмани на светот и да го направам тоа потребно е да се жртвувам и во исто време да бидам скромен. Дојдов во Париз да играм. ПСЖ ме бараа и јас ги сакав ПСЖ. Конкуренцијата не ме плаши. Кејлор е голем, докажан голман, но тука сум да играм и да бидам број 1“, вели 22-годишниот Донарума во интервју за „Канал плус“.

Scroll to Top