Top Sport

Тореира си оди од Арсенал, не е во плановите на Артета

Арсенал и Фиорентина се на чекор до договор за Лукас Тореира да отиде од Лондов во Фиренца, на позајмица, пишува „Скај спорт“.

Тореира во таборот на „виолетовите“ преминува за 1,5 милиони евра со можноста наредното лето неговиот договор да биде откупен за дополнителни 10 милиони евра.

Тореира во Арсенал дојде во 2018 година од тимот на Сампдорија, но сега веќе не е во плановите на менаџерот Микел Артета.

Минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико Мадрид . Со „јорганџиите“ ја освои титулата во Шпанија, но не сакаа да го откупат неговиот договор.

По Копа Америка Тореира воопшто не се ни појави на подготовките со Арсенал, па судејќи по тоа, наскоро се очекува потпис со Фиорентина.

Scroll to Top