Канадската тенисерка Јуџини Бушар која моментно е 130. на ВТА листата далеку е од успешна на тениските терени, но затоа „растура“ на Инстаграм има над 2 милиони следбеници.
Во интересен видео спот добила задача за една минута за одредени имиња да го каже првото кое ќе и дојде на памет.
Кога се споменал Федерер, Бушар одговори едноставно „Федерер“.
За Стефанос Циципас одговорот гласеше „Грк“.
Кога бил споменат Рафаел Надал, нејзиниот одговор гласеше „Ѕвер“.
Најмногу прашина се крена во врска со број 1 тенисерот во моментов – Новак Ѓоковиќ. Асоцијација на него за Бушар е „Плачко“.
Inside the mind of @geniebouchard. ?#WordRally pic.twitter.com/0ZL6uiDq9R
— Tennis Channel International (@TennisChanneli) August 24, 2021