Кристијано Роналдо ги договорил личните услови со Манчестер сити пред сензационалното враќање во Премиер лигата, и веќе зборувал лично со Пеп Гвардиола, тврдат португалските медиуми.
Иднината на 36-годишниот ветеран во Јувентус беше неизвесна по враќањето на Масимилијано Алегри на клупата, и се веруваше дека тој „турка“ за трансфер во ПСЖ, но откако парижаните го добија Лионел Меси, а Сити не успеа да го купи Хери Кејн од Тотенхем, на помалку од една недела пред крајот на преодниот рок доаѓа овој изненадувачки трансфер.
Според „Дејли мејл“, Роналдо веќе бил понуден на Сити за 25 милиони фунти овој месец, а тој би заработувал помалку од 500.000 фунти неделно кои ги добива во Италија. Сити ја одбиле понудата за трампа со Габриел Жесус, но се согласува да го прати Рахим Стерлинг во Италија.