Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо ќе остане во спортот барем уште една година, откако францускиот Алпине (порано познат како Рено Ф1), потврди дека ветеранот потпишал продолжување на договорот.
Алонсо, кој беше шампион со Рено во 2005 и 2006, се врати во преименуваниот тим оваа сезона, и најави „големи вести“ пред Белгиското ГП овој викенд. Тој ќе остане партнер на најновиот победник во Ф1, Естебан Окон, кој потпиша тригодишно продолжување на договорот. Токму Алонсо беше клучен за неговата победа на Унгарското ГП, заддржувајќи го Луис Хамилтон десетина круга зад него во финишот на трката.
„По само шест месеци од неговата двегодишна пауза, Фернандо покажа дека не загубил ништо од своите квалитети и брзина. Неговото четврто место во Унгарија беше негов најдобар резултат од 2014 и доказ за неговиот квалитет“, се вели во објавата на тимот.
Here we go! #Alonso2022. Can’t wait for next year ?#BelgianGP @alo_oficial pic.twitter.com/Jkv5HJivxc
— Alpine F1 Team (@AlpineF1Team) August 26, 2021