Иако цело лето Манчестер Сити преговараа да го доведат Хари Кејн на „Итихад“, сепак голгетерот се реши да остане во редовите на Тотенхем. Пред неколку дена се огласи на Твитер.
„Сјајно се чувствував додека ме поздравуваа навивачите на неделното гостување кај Вулверхемптом и додека ги читав пораките со поддршка изминатите недели. Ќе останам во Тотенхем ова лето и ќе бидам 100% фокусиран за да му помогнам на тимот да направи успех“ напиша Кејн.
Сега, откако сагата се заврши, според информациите на британските медиуми, тој сака да стане најплатениот фудбалер во Премиерлигата со неделна плата од 465.000 евра.
Доколку „петлите“ му излезат во пресрет, тој ќе има повисока плата и од Кевин де Брујне и од Џек Грилиш.
Кејн исто така бара во договорот да се внесе клаузула за порано да може да се прекине истиот ако понудата ги задоволува двете страни.
Кејн за Спарси одигра досега 337 меча и постигна 221 гол.