Top Sport

Халиловиќ има 25 години, а веќе потпиша за својот 10. клуб

Хрватскиот интернационалец, Ален Халиловиќ од денеска е нов фудбалер на англискиот второлигаш Рединг, кој му е неверојатен 10. клуб во кариерата, иако има само 25 години.

Халиловиќ во Рединг го донесе српскиот тренер на тимот, Вељко Пауновиќ, и тој потпиша едногодишен договор со клубот.

Во кариерата Халиловиќ веќе играше за Динамо Загреб, Барселона, Спортинг Хихон, Хамбургер, Лас Палмас, Милан, Стандард Лиеж, Херенвен и Бирмингем сити.

„Креативноста е најважно во секој тим, а Ален е интелигенте офанзивен играч од средниот ред со фантастичен преглед на топката и голем талент. Има само 25 години, а има огромно искуство“, изјави тренерот Пауновиќ.

Scroll to Top