Холандскиот Формула 1 возач, Макс Ферстапен стигна до пол позицијата на денешните квалификации пред трката за ГН на Белгија, возени попладнево по дождливо време на патеката „СПА“.
Третата квалификациска сесија донесе многу возбудувања затоа што Ландо Норис доживеа страшен судир, а токму тој ги имаше најдобрите времиња во двете претходни сесии. Британецот со голема брзина се заби во заштитната ограда, но за сереќа помина неповреден.
Во продолжение на квалификациите возачот на Вилијамс, Џорџ Расел имаше најдобро време, но Ферстапен во последниот круг постави време од 1:59.786 и на тој начин си обезбеди привилегиран позиција пред утрешната трка.
Од вториот ред на треката ќе стартуваат Луис Хамилтон кој денеска имаше трето најдобро време и Даниел Рикардо кој заврши како четвртопласиран.
Следуваа, според остварените времиња, Себастијан Фетел, Пјер Гасли, Серхио Перез, Валтери Ботас, Естебан Окон и Ландо Норис.