Top Sport

Невил: Глејзери го купија Роналдо само да ги замолчат навивачите

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил, смета дека газдите на клубот, семејството Глејзер, го реализирале трансферот на Кристијано Роналдо само да го замолчат навивачите по протестите, и вели дека неговото пристигнување нема да значи освојување на титулата.

„Глејзери го направија тоа што вообичаено го прават од притисок. Ќе донесат двајца-тројца фудбалери, и тоа ги замолчува фановите. Мислам дека има проблеми кои нема лесно да се надминат. Не можеа да го пуштат Роналдо во Манчестер сити, и мораа да реагираат. Дали го сакаа тоа е друга работа. Ниту еден навивач на Ман јунајтед нема да се жали со доаѓањето на Санчо, Варан и Роналдо. Предвидов дека Јунајтед ќе бидат трети оваа сезона, зад Ман сити и Челси и нема да го менувам тоа. Не мислам дека со Роналдо се подобар тим од Челси кои лани ја освоија Лигата на шампионите или до Сити кои беа 20 поени пред другите. Да, ги носи поблиску до титулат, но не до неа. Роналдо и Варан имаат менталитет за титула, но не би се обложил, иако сум очаен за трофеј“, вели Невил.

Scroll to Top