Top Sport

ФИФА подготвува револуција, 24 екипи на клупскиот Мундијал

ФИФА го престави форматот на новото натпреварување, Светското клупско првенство на кое ќе учествуваат 24 екипи, поделени во осум групи. Победниците ќе продолжат во четврт-финалето, а целиот турнир би се играл на секои четири години и би траел 18 дена.

ФИФА планира да ги укине Купот на конфедерации и Светското првенство за клубови, каде секоја година во декември се натпреваруваат континеталните шампиони.

Шпанските медиуми шпекулираат дека наградниот фонд ќе изнесува три милијарди евра.

Првиот шампионат во новиот формат би се одржал најверојатно во 2021 година, најверојатно во некоја европска држава. На Светското клупско првенство би учествувале 12 клуба од Европа, четири од Јужна Америка, два од Азија , Северна Америка и Африка, а еден тим од океанија би играч бараж со екипа од Јужна Америка. Последниот учесник би бил од државата што ќе биде домаќин.

Наводно клупски Мундијал во ваков формат веќе го поддржале најолемите шпански екипи, Барселона и Реал, а веројатно ќе биде прифатен и од останатите европски фудбалски великани.

Scroll to Top