Дејвид Мојс си замина од позицијата менаџер на Вест хем по само шест месеци на чело на клубот, и покрај тоа што успеа да ги спаси „чеканите“ од испаѓање.
55-годишниот Мојс го замени Славен Билиќ во ноември кога клубот беше меѓу последните три во Премиер лигата, и на крајот заврши на 13. место со 9 победи и 10 ремија во 31 натпревари.
„Кога дојде Дејвид, желбата беше да се фокусираме на следните шест месеци до крајот на сезоната. Чувствуваме дека е потребно да се движиме во поинаква насока и планираме да имаме големо име кое ќе го води тимот во посветла иднина“, вели ко-претседателот на клубот, Дејвид Саливен.
Шкотланѓанецот Мојс се обиде да ја врати својата кариера на вистински пат, откако ја загуби репутацијата во неславната сезона во Манчестер јунајтед, каде што беше наследник на легендарниот Сер Алекс Фергусон, а потоа ги предводеше Сандерленд до испаѓање во втората лига (клубот оваа година испадна и во третата лига).
Фото: ЕПА